Видео

Зошто се прават сè поглупи филмови?

Денес филмовите се прават за публика за која се знае дека додека тече филмот, дел од нејзиното внимание ќе остане на нивниот матичен екран, оној од телефоните. Затоа заплетите мора да бидат едноставни до ретардираност а дијалозите инфантилни, за да може да сфатат што се случува и оние кои додека го гледаат филмот, продолжуваат да скролаат по телефонот. Генијално е како (дополнително) ќе оглупиме.  

Принципиелноста на Кир Стармер

За фотографиите и снимките од Украина: Ужасни сцени на кои никој не може да остане рамнодушен и важно е да ги нареќеме воени злосторства. За фотографиите и снимките од Газа: Не е паметно политичар да гледа фотографии и снимки и веднаш да суди за нив. 

Македонија, хеви метална

Елате да оверите парчиња од еден Јутјуб канал со метал преработки на македонски фолк и поп песни, направени со помош на малку ВИ магија. „Направено со љубов, дисторзија и доза македонска душа! Поддржете ги оригиналите и продолжете да рокате! Љубовта нека биде тивка, или барем со дисторзија!“, порачува Антонио.

Нема веќе поместување на часовникот

Така реши Европскиот парламент. Ама уште на 26 март 2019 година. Бидејќи се работи за застарена бесмислица и затоа што 84% од анкетираните 4,6 милиони луѓето биле за укинување на примената на времето два пати годишно. И еве не денес, шест години подоцна, пак ќе се мислиме дали саатот одеше напред или назад. Тоа е сè што треба да знаете за Европската унија. Ние сме чекале? Нив времето ги чека па мува не ги лази.

Кина, кочи малку

За поголемата слика прочитајте во „Зошто западни бизнисмени се враќаат избезумени од Кина?“. Сега само да видите еден огромен логистички центар во Кина, комплетно автоматизиран и управуван од вештачка интелигенција и роботи. А ќе видите дека и Амазон влегува во трката, ама не оди така мазно.

Новиот бог на соул музиката

Се вика вештачка интелигенција. Да, јасно, самото спомнување на „соул“ и „вештачка интелигенција“ во иста реченица е перверзно само по себе, ама, такво време дојде. Читател ни испрати неколку ВИ преработки во стил на стариот Мотаун соул, на теми од Еминем и Куртис Џејмс Џексон Трети (50 Cent). Не да звучат добро него Марвин Геј солза би пуштил.

Луѓе, демагнетизирајте се

Не може попрецизно да се објасни политичката поларизацијата од ова: кога ќе се зголеми волтажата во едно општество, оние во средина ќе бидат привлечени кон едниот или другиот пол. Ако левиот пол се оддалечи од средината, со зголемување на волтажата, оние од средината ќе заминат десно (како што тоа највидливо се случи во САД). Алгоритмите лајкс дис. Бидејќи ве познаваат.

Замислете новинари да ја кажуваат вистината

РТ, руската медиумска мрежа формирана во 2005 година како Russia Today денес е забранета во ЕУ, Британија и Канада, RT America затвори а Јутјуб и Мета им ги блокираат каналите. И покрај тоа, до РТ денес пристап имаат околу 700 милиони луѓе а овие наоѓаат начини како да ги тролаат западните колеги. Со помош на АИ им ја пикаат вистината во уста.

Немало и ќе нема некој како Трамп

Ширум САД викендов се одржаa околу 2.700 протестни собири и маршеви под слоганот „Без кралеви“. Близу 7 милиони луѓе против авторитарните и апсолутистички амбиции на Трамп. Неговите реагираа со памфлети дека сè се тоа непријатели на Америка, Антифа, про-Хамас... Трамп нема толку време за надмудрување. Тој им одговори со следново видео.

Европа не разбира ситни пари

Лена Шилинг е млада,  австриска европарламентарка од редовите на Зелените. Ја начекуваат со прашање, колку евра прават 2.000 центи? Ок, Лена не сака математика. Следното прашање за неа е кој е главен град на Австралија. Тука Лена веќе фати педала. Инаку, месечната плата ѝ е околу 17.000 евра. Што би рекла таа, згледа тоа се многу центи.

Силвана блуз

Музичкиот алхемичар Апостол прави уште еден халуциноген шприцер - блусевдах! Пола Силвана Арменулиќ, пола Боби Бленд па се добива убитачнатa „Teško meni jadnoj u Stormy Monday samoj“. Ако песната ве начека со прописна доза промили, можете да се почувствувате како Беким Фехмиу во Скупљачи перја. Или да викнете: „Дајте една секира да пукам!“

Ако сте ги пееле точно, време е да смените

Уште едно пакетче песни кои некои погрешно ги пеат затоа што така им се слушнало па затерале криво. Меѓу нив има и толку урнебесно добри грешки, да ти е криво што си ги пеел како што треба. Печена штрудла, А ја сам влажљива, Хеј душо, Конан брани.... 

Е, ова ќе биде весело

Три различни агенти на вештачка интелигенција сфаќаат дека сите се вештачка интелигенција па почнуваат да се разбираат на таен јазик кој ние не го разбираме. Конкретното видео и примерот можеби не се автентични ама можноста е реална, за што пишувавме уште во 2017 година во „Роботите почнале да си муабетат“.

Ако тоа значи помалку врескање дома и на улица, ние сме за

Извесна Мона Шариф на ТикТок поставила прашање дали на луѓето им се вреска и ако да, зошто да не го прават тоа заедно. Било тоа шала ама почнувале масовно да се јавуваат луѓе па бргу-бргу направиле  „Клуб за врескање“ и во Лондон го направиле првиот ивент. Илјада луѓе дошле. Да врескаат. Заедно. Работат ли нешто тоа психотерапевтите?

Апел до природната интелигенција

Чујте ги предупредувањата на ланскиот добитник на Нобелова награда за физика, Џефри Хинтон за вештачката интелигенција: Наскоро со неа ќе може да се создаваат ужасни нови вируси и смртносни оружја кои сами ќе одредуваат кого да убијат. Никој нема идеја дали ќе можеме да ја контролираме но знаеме дека ако тоа им се остави на компании кои бркаат профит....  

„Ќе направат пустина и ќе ја наречат мир“

Оваа мисла од римскиот историчар и полиитичар Тацит совршено одговара за постигнатиот мир во Газа и договорот за кој Трамп залудно се надеваше дека ќе му донесе Нобелова награда за мир. Од седми октомври Израел има фрлено околу 200.000 тони експлозив врз Газа, што е еквивалентно на речиси 13 бомби од Хирошима.

Долга е раката на Израел

Американско -израелскиот AIPAC е најмоќната и најбогата лоби организација во САД која во раце го држи Конгресот, американската надворешна политика и што уште не. Единствените се кои не мора да се регистрираат како странска лоби организација а нивното влијание добива митски димензии. На нивна донаторска одиш со име и баркод, ако им се бендисаш, одма те скенираат, како да набавиле месни нарезак од рафт.     

Ние и Германците не може да сме поразлични

И таму стигаат лоши времиња, парите не стигаат ама реакциите им се различни. Во градот Швабиш Гмунд, локалните власти се пожалиле дека градскиот буџет е под притисок па школите и учениците мора да помогнат. И ене ги сега, после часови дечкине метат, проаѓаат со џогер и празнат канти. Ние ќе се удавиме во ѓубре. Ама па и тие, како не им текнува да се прашаат зошто државата нема пари за чистачки а има за илегалци?

Во стриминг војната победува - пиратеријата

Стриминг сервисите како Нетфликс, Дизни, ХБО, доживуваат пад поради фрагментацијата на содржината (треба да се претплатиш на неколку за да го најдеш она што некогаш го имаше само на една), скриените трошоци, проверките за споделување лозинки.... Во такви услови пиратеријата експлодира. Лани пиратските сајтови биле посетени 216 милијарди пати, со милијарди долари штети за индустријата и десетици илјади отпуштања. Трендот го предводат Ген З. 

Нарачка во фото-финиш

Рмбаш цела смена во кујна на некој ресторан. Едвај чекаш да дојде фајронт и да одмориш кичма и нозе и мозок и нерви. Сè почесто гледаш на саат. Конечно, доаѓа време. Уште пет минути, уште четири, уште три.... И ете ти го него, на пар минути до долго чеканата слобода, доаѓа со нарачка. А колегата мора да ја прими.  

Русите извадија дрон врзан на оптичко влакно

Русите со (first-person view) дрон го надлетааа украинскиот град Краматорск и го збуцаа во празна кола, чисто да покажат до каде може да стигнат. Овој дрон не е подложен на системите за оневозможување на сигналот бидејќи наместо со радиоврска, се контролира со оптичко влакно со кое дронот директно е поврзан со операторот. А може да тегне десетици и десетици километри влакно.     

Како да зборувате како џуџето од Твин Пикс

Иако почнува како стандарден тррилер со регуларен заплет, легендарната серија Твин Пикс постепено се претвора во незаборавно дејвидлинчовско лудило (Хомер Симпсон рече: Ова е супере, ништо не разбрав). Еден од најморничавите делови на серијата ќе стане џуџето во црвената соба кое зборува во рикверц. Го игра Мајкл Џ. Андерсон и открива како се прави тоа. 

Четирите скротувачи на апокалипсата

Бидејќи културниот и интелектуален простор на екс Југославија одамна е парцелизиран и затворен во малите балкански трла (овде само шундот не признава граници), Мухарем Баздуљ зборува за четири важни регионални интелектуалци чија работа не треба да се пропушта. Еден (спојлер: една) е од Македонија.

Доктор Сун-Шионг: Т-клетки а не антитела

Тоа што никогаш не закачил ковид, најбогатитот доктор на светот доктор Сун-Шионг го препишува исклучиво на неговата стратегија за јакнење на одбранбените Т-клетки и имунолошкиот систем кој се базира на таа клеточна заштита. И да добие коронавирус, тие клетки би го уништиле и би го исчистиле организмот. Фаучи и другите одиграле поинаку.