Видео

Сарказмот знае да биде аикидо

Интересен гостин имаше Пирс Морган за војната меѓу Израел и Хамас. Египетскиот комичар Басем Јусеф кој издоминира со црн хумор, факти и многу сарказам, кој, додуша, на моменти стануваше пасив - агресив. Морган невообичаено повлечен, особено откако соговорникот иронично му кажа: „Знам, знам, ти си од добрите дечки“. А овој не е навикнат да е од добрите.

За крокодилските солзи

Девојка од публика се расплака затоа што говорникот немал обзири и почит кон народот кој најмногу страдал од нацистите. А татко му на безобзирниот говорник бил во Аушвиц, мајка му во логорот Мајданeк. Следи жестока лекција по принципиелност од Норман Финкелстајн, политички научник, експерт за израелско - палестинските односи и политиката на Холокаустот.

Како да се допазиш од вакви?

Нa патот Изола- Копер (Словенија), возило врти во погрешен правец и на него налетува друго возило. Оваа што врти имала 60 години, во неа удира возило управувано од 50 годишна жена. Едно лице е потешко а друго полесно повредено. Најјако е што оваа што е крива, најпрописно даде жмигавец дека ќе оди лево.

Хамлет, интераптед

Грегори Доран (режисер и еден од врвните светски шекспиролози), објаснува како се родил еден скеч со Хамлет и неговата најпозната реплика: „Да се биде или не, прашање е сега“. Поконкретно, што од тоа треба актерски да се акцентира. Да видите до каде можат да одат тие дилеми околу една обична реченица и кој сè упаѓа на сцена. Генијално.

Вие мислевте на бебињата во Дрезден кога го бомбардиравте?

Поранешниот премиер на Израел, Нафтали Бенет, во разговор со британски Скај њуз го дочекуваат со прашања од типот што е со бебињата и старците во Газа. Бенет (кој уште во првите часови од упадот облече униформа и се пријави за служење) неќе ни да чуе, ако Хамас не мислел на нив, нема што Израел да мисли на нив.

Не може и Русите да се терористи и Палестинците да се терористи

Снимката доаѓа од украинскиот фронт од припадник на една од чеченските единици која се бори на страната на Украина. Човекот има проблем со дволичноста, откако Киев изрази поддршка за Израел во борбата против палестинските терористи. Неговото равенство вели ако Палестинците се терористи затоа што се обидуваат да ја ослободат својата територија, тогаш и Украинците се терористи затоа што се обидуваат да ја ослободат својата држава од руската окупација.

Полудеа ли начисто?

Оној злотвор и претстедателски лузер, Хилари Клинтон, вика дека фановите и симпатизерите на Доналд Трамп се како членови на секта и дека треба да се соочат со некакво „формално депрограмирање“. Ај уште еднаш - формално де-про-гра-ми-ра-ње. На 70-тина милиони луѓе. Па Менгеле не беше волку амбициозен. 

Заштитените медиумски мечки

Илон Маск го ретвиташе ова видео старо девет години во кое Џон Стјуарт (Јон е со еврејско потекло, вистинското презиме му е Лебовиц), смислил одлична показна вежба што се случува ако некој се дрзне да ја преиспитува човечноста на израелските политики. Дечки, тоа не значи дека тој автоматски е за Хамас, порачува Стјуарт во неговите златни времиња.

Западното новинарство и Блискиот исток

„Дали осудувате“ и „Дали се оградувате“ се зицер новинарски  прашања со кои соговорникот го држиш на узда, прикован на пожелниот наратив на темата, без да  му дадеш шанса да ја одзумира сликата и да ги прикаже работите во контекст (пред да осудува и да се оградува). Тоа го проба БиБиСи со шефот на Палестинската мисија во Англија, Хусам Зомлот. Не им успеа.  

Роденденска за Ленон

Џон Ленон деновиве ќе полнеше 83 години. Фанови на Битлси решија да се соберат и да го прослават денот со песна. Се разбира, во Строубери филдс, дел од њујоршкиот Централен парк посветен нему. Ах, да дојдеше и Јоко, па да запее и таа, па да се разбегаат сите ко глувци.

Будали на сите страни

Еден рабин кој порачува дека христијаните не треба да му се молат само на еден Евреј (Исус) туку  на сите Евреи зашто тие секој ден гинеле за нашите гревови и се единствените кои нè чувале од Орките. И една муслиманска замлата од Њујорк кој знае која е исправната религија и порачува дека нема да сопрат додека Алах не стигне во секој дом.

Фитнес инфлуенсери вс. елитни спортисти

Како што Хабиб ќе порача во едно интервју: како тоа ти планираш да станеш светски шампион ако не преспиваш попладне по два саати и навечер не си легнуваш во 21.00? Без разлика што ви рекламираат, еден од најсилните допинзи што можете здраво и бесплатно да ги направите е да легнете да спиете.

Чаша од хартија не може да постои

Максимум што можеш да направиш од хартија е фишек за семки, затоа што хартија сама по себе не може да држи течност. А ако сакаш да држи течност тогаш треба да и додадеш бариера што не пропушта течности, пример полиетиленска пластика, што пак решава еден проблем ама отвара сосема нов на тема здравје.

Исак Асимов гледаше далеку

Откако на барање на Летерман наброи некои од работите кои гии има предвидено (и погодено), патrијархот на научната фантастика вика: „Не пробував јас да погодам, пробував да продадам некоја книга за да можам да си платам за школување“. Тоа е само еден детал од муабетот со овој прешармантен човек кој на крајот добацува и до интернет, подкасти... 

Џејк Саливен, 29 септември 2023

Советникот на Бајден за национална безбедност, Џејк Саливен, за време на Атлантик фестивалот 2023:  „Регионот на Блискиот Исток денес е потивок отколку кога и да било во последниве две децении.“

Варуфакис ја закопа Европа

Вежбата на Варуфакис гласи: Ајде да извадиме некое хипотетичко розево сценарио во кое утре во О.Н. почнуваат мировни преговори за Украина. Сите знаеме која светска сила кого ќе прати, а кој ќе прати Европа? Тек за Фон дер Лејен што има да каже.

Летерман и Лено за овие денес беа богови

Деили шоу (кое после Тревор Ноа е во потрага по стален домаќин) се држи најслабо со само 366.000 гледачи (во времето на Џон Стјуарт имале преку 2 милиона). Милион нема ни Сет Мајерс. Џими Фалон има 1,3 милиони што значи дека изгубил цел милион од оние што ги имал во 2017/2018-та. За споредба, просечна гледаност на подкаст епизода на Џоп Роган е 11 милиони.

Синот на претседателот

Додека во Обединетите нации претседателот на Екваторијална Гвинеа Теодоро Обианг зборуваше за тоа како Африка недоволно се развива, неговиот син Тоедоро Нгема, правеше проверка на станот што го имаат изнајмено во Њујорк за 75.000 долари на ден за времетраењето на годишното собрание на О.Н. Теодоро помладиот инаку е потпретседател на Екваторијална Гвинеа.

Ако не нè слушате, вака ќе умрете

Дел од видеата за безбедност на работа во Кина се базираат на вистинити настани што се случиле низ фабриките во земјата. Се работи за анимации во кои главно се отстранети сите ужаси од непочитувањето на правилата за безбедност, освен делот во кој умираш.

Не ти се врзувам, па не знам шо да е

Репортажа од далечната 1984 година, за отпорот во Америка против тогаш новата обврска за задолжително врзување појаси во автомобил. Одлука која сигурно спаси многу животи но истовремено им даде идеја на државите дека имаат право колку сакаат да упаѓаат во нашите животи и одлуки.

Телевизиското деби на Дејвид Боуви

1964-та година е, Дејвид има само 17 години и уште не е Боуви туку само Џонс. Гостува на BBC, но не како музичар туку како претставник на една нова цивилна група: „Здружението за спречување суровост кон мажи со долги коси“. Во тоа време, машките со долга коса биле исмевани, враќани од школо, викани „педерчиња“.... И ете го Боуви да се побуни против таквиот сељачизам.

Во Португалија не фати чучењето на улица

Криминално глупата идеја за спречување на загадувањето со блокирање на сообраќај, ко демек во место алпски воздух излегува од ауспух, деновиве се прошири и на улиците во Португалија. Како што изгледа, нема да се повтори.

За туѓи пусти лајкови

Дечко со нула слава или следачи, прави апликација која лажира публика стримови во живо на Тикток и за да биде поавтентично генерира и коментари од истата публика. Апликацијата ја тестира на забава, чисто да види дали нешто ќе му се закачи.

Сорос: Мојата империја ја замени Советската

Најпрво почнав во Јужна Африка но потоа дојде Источна Европа и СССР. Како што пропаѓаше советската империја, јас влегов таму и ги собрав парчињата. Прво во Унгарија во 1984 година, па  Полска и Кина. Така, империјата на Сорос ја замени советската империја. Сега најмногу сум вклучен во Русија. Го повторуваме она од СССР.