Видео

Важно, Америка е задоволна

Американскиот сенатор Линдзи Грем ќе ја разгледа ситуацијата па ќе каже: „Задоволен сум од патот на кој структурно се наоѓаме. Сè додека на Украинците им дотураме доволно оружје и пари, тие ќе се борат до последниот човек.“ А последниот човек нема да биде Зеленски, тој тогаш ќе биде напупен на видео бим како специјален гостин на некоја гала собиранка на западниот крем. 

Наравоучение од многудетни родители

Многу родители цвикаат за правење второ дете, пошто имат уплав од повторување на сето она потресување кое го преживеале за првото. А родителските стандардни најнормално си паѓаат во репризните изданија. Какви се разликите кога го бањаш првороденото дете од она како го бањаш третото или четвртото? Нема поточно од ова!

Капа долу, Роџеру Вотерс

„Ги прашувам претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност, кои се вашите цели? Колку злато има на крајот на виножитото? Поголеми профити за воената индустрија? Поголем моќ и поголем дел од глобалниот колач? Дали мајката Земја е колач кој треба да го ждереме? Зарем поголем дел од колачот не значи помалку за сите други?“

Може ли да почнеме да викаме магија, место вештачка интелигенција?

Ранвеј, компанијата што ја создава технологија на „стабилна дифузија“ која служи за претворање на текст во слики, сега има нова играчка - АИ модел кој адаптира кое било видео според текстот што си му го напишал или сликата што ја има за пример. Гледате, магија.

Како грчките мермери завршија во Лондон?

Како и многу проблеми на овие простори и за овој вината е кај Османлиите (како што гледаме, не дека да не беа Турците ние нешто подобри одлуки ќе носевме) во спрега со историската алчност на Западот за работи што не се нивни. Ова се случува некаде околу 1810 година и од тогаш имаме некои си 200 години Британците се прават мутави за тоа чии се мермерите од Партенон.

Како во црква се фаќа запалење плуќа

Имаме два верски видео примера. Едниот во кој свештеник претерува со крстената вода. Другиот во кој поп претерува со огнената вода. Не знаеш во кој господ попрво да се крстиш.

Орсон Велс за Федерико Фелини

Според американскиот филмски маг, добрата приказна не е најважниот елемент за еден филм, како што многумина мислат. Тоа според него е дури третата по важност работа во филмот. „Можеш да направиш голем филм за ништо,“ тврди Велс и дава светол пример.

Во Турција се појавија крадци, ама народ ги решава кој како знае

Катастрофата што се случи во Турција предизвика покуќнината и имотот на милиони семејства да се измеша со купот рушевини и да лежи на улица. Нус-производ на ова секогаш е изникнување на банди или поединци кои гледаат да се офајдат од катастрофата и да стопат што ќе најдат под рушевините. За нивна несреќа, друга нус-појава е што катастрофите предизвикуваат и страшен гнев кај мештаните, кои не се двоумат да го искалат на ликови како нив.

Уште сега, 12 поени за Лет 3!

Со „Мама - ШЧ“ ријечките враголани Лет 3 победија на Дора и ќе ја претставуваат Хрватска на Евровизија 2023. Благодарејќи на Логин и една мала но упорна лоби група за нив, многупати ги имаме гледано и во Македонија.  Лет 3 се прекрасни будалетини кои беа „шокантни“ уште кога на Евровизија се носеа пуловерчиња. Едвај чекаме. „Мама - ШЧ“, бе! 

Дали сте жртва?

Се разбира дека сте, модерно e тоа. Да се биде жртва значи да се носи аура не само на маченик туку и на праведник кого општеството го закинало. Социјален експеримент на таа тема: жени одат на интервју за работа верувајќи дека се нагрдени со лузни од шминка. Само што, не одат такви, одат какви што се (само што тие не го знаат тоа). Се враќаат убедени дека биле дискриминирани само заради изгледот.   

Црно алжирско

Како се менувале најголемите светски извозници на вино, од 1960 до сега. Има доста занимливи детали. Алжир долго бил светска велесила пред сосема да ја изгуби битката. Бугарија знаела да биде убедливо појака од Југославија. А и Македонија се појавува во неколку наврати, ама, како што знаете и од други показатали, сега ја нема.   

Единствено полошо од тоа да бидеш непријател на Америка е да бидеш пријател на Америка

Момир Булатовиќ раскажува за еден состанок што тој и Милошевиќ го имаат со Ворен Кристофер и Ричард Холбрук, години после Дејтон, кога на Холбрук му бараат да им даде список на услови што треба да ги исполнат само за конечно Србија и Црна Гора да станат пријатели на Америка, место нон-стоп да се негативци.

Две многу одвратни видеа од Турција

Не, нема ниту една од речиси 20-те илјади жртви, туку има градежни материјали, главно цигли, и наводни градежни пракси во Турција, кои можат да објаснат голем број од снимките од деновиве на кои нови згради се распаѓаат како да се правени од наполитанки.

Кога Кит Ричардс ти чува грб

Концерт на Стонси. Додека Мик Џегер анимира публика, не забележува дека некој позади него успеал да го надитри обезбедувањето и да се качи на сцената па трча накај нив се непознати намери. За среќа, мамлазот го приметува Кит Ричардс, а тој на сцена никогаш не доаѓа голорак.

Блиски средби од блискоисточен вид

На аеродром во Турција, израелскиот авион со спасувачи се паркираше до иранскиот авион со спасувачи испратени за помош во земјата.

Јака финта: НАТО ќе се пресоблекува

Австриски полковник ја објаснува шемата како НАТО ќе праќа војници во Украина- без да праќа војници во Украина. „Ќе ја соблечам униформата, ќе потпишам договор и ќе одам во Украина. Така веќе не сум офицер на НАТО туку војник под договор“. На штикли ќе одат ако треба, само за да не признаат дека се во војна со Русија.

Брзо му било пишано

Нејќел да плати казна за брзо возење со образложение дека сè што прави тој, прави брзо. Јаде брзо, спие брзо, чита брзо, оди брзо.... Судијата, некој чешит човек, му рекол: „Ај сега да видиме колку брзо можеш да одлежиш 6 месеци затвор“. Најведриот дел од видеото ќе го видите сами. 

За земјотресот нема Курди и Турци, сите се вистински исти

Едното видео е од доминантно курдскиот град во Сирија, Џандарис. Другото е од турски Хатај. Во двете видеа, две бебиња. Најбебиња. Двете зафатени од земјотресот што не дискриминира по никаква основа.

И би Урсула

Претседателката на Европската комисија се потегна до Украина за на голема врата да ја одбележи најновата сојузничка пратка помош за земјата која е во војна. Европа на Украинците им носи ЛЕД сијалици. За да ги заменеле старите сијалици, за да заштеделе енергија. Уште па на Твитер мегаломански напиша: „Заедно носиме светлина во Украина!“

Погоди кој од нив е тазе дојден во Бахмут

Да не знаеш што е пострашно колку се моќни експлозиите што новинарката на секое се вади од памет или што овие што се поодамна во Бахмут се станати ѓон на сè што се случува околу нив.

И вака се бранат правдини

Додека сме принудени да се занимаваме со Бугарите и со нивните глупи офанзиви да нè убедуваат кои сме и што сме, забораваме дека во животот постојат и други прашања за кои е благородно човек да се бори. На пример, кога ќе ти наточат пиво на подмолен начин. Односно, ќе ти го избугарат штуцот или криглата.

Да не речете не знаеме да сослушаме жена

Девојката има право да има свој став за односите меѓу машко-женските односи. Девојката има право да каже дека таа го избира човекот на својот живот и таа му ја дава неговата позиција во нејзиниот живот. Девојката има право да ги повика другите да размислат за нејзиниот поглед. Ја сослушавме и накратко заклучивме: девојката има право :) 

Тато ме нарече демократ!

Постојат разни начини да се скршат нежните детски чувства и да се навреди едно младо, чисто и искрено суштество. На пример, да не му купиш играчка, да го тераш да јаде брокула, да не му исполниш ветување дека ќе го носиш некаде, да му кажеш дека не постои Дедо мраз... Додаваме уште еден јак удар.

Сакаме да запознаете еден 35 годишен белец

Ако може да се бира род како ќе текне, зошто да не може да се бира и боја на кожа, поточно припадност на раса? Ете го него, од нигде никаде, еден ден се почувствувал како белец. Стручно кажано, има транс-расен идентитет. Мајка му, нормална, вика, и јас сакам еден ден да се рабудам и да речам, јас сум Ријана, ама, не оди тоа така.