Како човек што професионално се занимава со приватност, дозволете ми да ви објаснам зошто ова се случува.
Пред се, апликациите од вашите социјални мрежи не ве прислушуваат. Ова е теорија на заговор. И таа е разоткриена како неточна во повеќе наврати.
Искрено не ни мора да го прават тоа затоа што сè што несвесно им даваш е далеку поевтино и помоќно.
Твојата апликација собира еден тон податоци од твојот мобилен. Уникатниот број за идентификација на уредот. Твојата локација. Твојата демографија. Сето ова е познато.
Агрегаторите на податоци собираат податоци од СЕКАДЕ. И кога ја користам картичката за попусти во супермаркет? На секое купување? Сето тоа се податоци што се за продажба.
Тие може да ја поврзат мојата набавка во супермаркет со мојата Твитер сметка, затоа што на двете компании им ја дадов мојата меил адреса и мојот телефонски број и се согласив целото ова споделување податоци кога ги прифатив условите за користење.
Е сега внимавајте.
Ако мојот мобилен редовно е на истата ГПС локација со друг мобилен, тие го знаат и тоа. Така почнуваат да ја реконструираат мрежата на луѓе со кои сум во редовна комуникација.
Огласувачите можат да ги споредат моите интереси и што сум сурфал и што сум купувал, со оние на луѓето околу мене. Потоа почнуваат на МЕНЕ да ми покажуваат различни реклами врз основа на луѓето ОКОЛУ мене.
Семејство. Пријатели. Колеги.
Ќе ми пуштаат реклами за работи што ЈАС НЕ ГИ САКАМ, меѓутоа знаат дека некој со кого сум во редовен контакт можеби ги посакува.
Намерата е потсвесно да ме натераат да почнам разговор околу, не знам, да речеме паста за заби.
Тие никогаш немаа потреба да ме слушаат за ова. Само споредуваат агрегирани мета-податоци.
И ова е познато. Илјадници луѓе известуваат за ова. Само што никому не му е гајле. Ние одлучивме дека нашата приватност не вреди. Ова е битка што ја губиме. И онака веќе самите премногу раздававме.
Па, тие ја знаат пастата на мајка ми. Тие знаат дека сум бил кај мајка ми. Тие го знаат мојот Твитер. И сега добивам Твитер реклами за пастата за заби на мајка ми.
Твоите податоци не се за тебе. Туку е за тоа како можат да бидат употребени за секое лице што го познаваш и луѓето што не ги познаваш. За несвесно оформување на однесувањето.
Новите апдејти на Епл ви дозволуваат да го блокирате следењето од апликациите и Фејсбук е ЛУТ. Тие ве МОЛАТ само да притиснете „accept“ и да си продолжите како до сега.
Блокирајте ги рекламите од секоја апликација. Не се работи само за тебе, твоите податоци го оформуваат интернетот.
Интернетот никогаш повеќе нема да биде откаченото место што беше кога имав Лајвџурнал и луѓето шеруваа блесави гифови. Големиот бизнис дојде за да го исцица меракот (и вашите пари) од него.
Барем натерајте ги да се изнамачат за тоа.