
Системот е развиен во 10-от век во времето на Првото бугарско царство и се користи меѓу јужните и источните Словени. Тој најдолго се употребува во Русија се до 1700-те, кога кралот Петар Велики решава да го замени со арапските броеви.
Нивното креирање е да се олесни секојдневното броење за кое во тоа време се користат грчките броеви базирани на грчката азбука. Грчките (јонски) броеви функционираат по истиот систем како и кириличните.
Од македонската Википедија:
Системот бил квазидекаден, заснован на јонскиот броен систем и се пишувал со соодветни графеми од кирилицата. Секоја единица (1, 2, ... 9) имала своја буква, како и секоја десетка (10, 20, ... 90) и секоја стотка (100, 200, ... 900). Броевите се запшишувале од лево на десно со исклучок на броевите од 11 до 19. Тие биле пишувани од десно на лево.
Броевите се разликувале од текстот по тоа што врз нив се придодавало титло. Доколку бројот бил поголем од 1000, бил употребуван знакот за илјадници ҂ кој се пишувал пред бројката, а по него се пишувал бројот на илјадниците со соодветните букви.
Со комбинација на симболи околу броеви системот брои до милијарда, вклучително и милијардите:
По ист принцип работат и глаголските броеви, со тоа што се пишуваат по глаголскиот азбучен ред, а не според редоследот преземен од грчкото писмо.