Најдобар алат за 2021 (веројатно)

„Проект фарма“ е Јутјуб канал чиј сопственик има една ретка пасија, на раб со фетиш, за што е можно понаучна методологија да тестира алат со водење статистики и правење графикони.

За крајот на годината обично прави рецензија на 10 парчиња најразличен рачен алат што излегол годинава, а што се најдобри во својата категорија.

Темата на категориите е различна и не се копира од година во година, ама без разлика на тоа е детално обработена од него.

Еден од проблемите со овие видеа е што се работи за алат кој обично го нема локално кај нас, ниту па пошироко во Европа.

За среќа, во листата од 10 алати, четири се достапни за нас. Најдобриот шрафцигер е од Виха (Wiha) кои го носи Фортуна, победничките папагалки се од Книпекс (Knipex) што ги има во Лотулс, најдобрата шрафилица е на Милвоки (М18 фуел) кај нас локално застапувани од Еуроимпекс, а метрото на Девалт би требало да може да се најде во СБД. Од другиот алат кој не е локално достапен најмногу изненади системот за острење ножеви на Лански кој може он-лајн да го нарачате во Европа.

Ајде сега да го преслушаме дечкото:


Ова му беше изборот за 2020:

9 декември 2021 - 16:20