Една пристојност, една смиреност... Скоро сѐ изгледа добро, ама скоро сѐ е во неутрална боја. Значи ли тоа дека се вртиме кон сезона (две, три..) каде што модата повторно „загасува“? Затоа што до вчера како да се натпреваруваа кој ќе облече пошарено, пораспар и по-кеса за пазарење/ѓубре. Или пак, Њујорк решил да се уозбили.
Најверојатно ќе ви се здосади. Ама тука и таму се наоѓа по нешто несекојдневно. На ваква гардероба советуваат Парижанките, според стереотипот, само што, ако пишете во 'search' „улична мода“ и/или „Париз“, ќе видите дека само на тоа и останува - стереотип.
Овде избравме да има и интересно, ама изворите викаат дека главно било - пристојно.
Да не знае човек дали да се разочара дека се намалува дозата на индивидуалност, или да се радува затоа што не е така лесно веќе да се шеташ по боксерици. Или и второво ни е пораз?