И пред пандемијата, букирање за одмор знаеше да прави главоболки, а сега бетер, со уште подолги списоци, потребни документи, маски, дезинфекции, сертификати и слично. Затоа и е неочекувано што луѓето сега не само што резервираат за еден одмор, туку за повеќе одеднаш - и тоа со истите датуми.
Ова се вика trip stacking, или правење куп од патувања и е метод за санирање на патувачките проблеми што можат да настанат поради Ковид. Иако полека ги снемува рестрикциите од претходно, патувања и настани сѐ уште се откажуваат или се одложуваат ширум светот, па преку трип-стакинг, луѓето покрај тоа едно ризично патување што може лесно да им го откажат, букираат и уште некое, за да имаат алтернатива.
Во моето 20-годишно искуство, не сум видела трип-стакинг до ова ниво,“ вели една советничка за патувања, Таниа Свасбрук. „Порано на клиентите им дававме повеќе од една опција, но никогаш не ја планиравме втората до детаљ.
Трендот во нејзината агенција важи само за врвни клиенти и имаат соработка со хотелите и местата каде што букираат и ги информираат дека се работи за трип-стакинг и дека некој ќе извиси.
Доброто е што ако ти пропадне едниот одмор, имаш план Б. Лошото е што во старт мораш да имаш доволно пари за два одмори, па и да се спремиш за одложени рефундирања или сродни проблеми.
Безбеден начин да се проба овој тренд е да се преземат екстра чекори да сме сигурни дека парите за патувањето што нема да се случи ќе се вратат. Да се има патничко осигурување, политика на враќање на пари кај хотелот или превозникот, и слично.
Веројатно се работи за привремен тренд, почнат поради уникатните услови во кои се наоѓаме сега, но сепак е можно да се продолжи и до наредната година, со оглед на тоа што иднината на патувањата е сѐ уште непредвидлива.