- Веројатно има томови за пишување, ама српски Курир го има тоа срочено во кратки црти: татко му го брка од дома, спие во театар, а последниот здив го остава на сцена.
- Имал скромно, но среќно детство, во онаа крајно позната констелација на татко-воено лице и мајка домаќинка. После средно, станал член на аматерско драмско друштво, па решава да проба на глума.
- Го примаат, а колеги му се Драган Бјелогрлиќ и Срѓан Жика Тодоровиќ, меѓу другите.
- Го примаат на академија, ама го бркаат од дома. Причината е што со работата пред да се посвети на уметноста го помагал семејниот буџет, па татко му (нели, воено лице) го сметал отказот за неодговорност. Спиел по другари и девојки, на академијата и во театар, но благодарение на малите телевизиски улоги, повторно можел да помага, па го примиле назад.
- Во една прилика има кажано дека би сакал да дочека ден кога нема да работи ништо и ќе слуша музика или ќе седи покрај река.
- Закопан е во Алејата на заслужни граѓани, покрај Бата Живојиновиќ и Драган Николиќ.
- Со векови, филозофи и писатели ја дебатираат смислата на убавината. Платон славно ја поврзувал убавината со моралната вистина - опишува „скала на љубовта“, каде физичката привлечност е само првиот чекор кон повисоко размислување за совршената, апстрактна Убавина сама по себе. Во ова гледиште, убавината не е нешто што корумпира, туку нешто што возвишува - може да ја води душата кон добрина и доблест.
- Во современиот дискурс, оваа тензија често се разгледува преку концептот на pretty privilege (привилегија на убавината). Истражувањата во социјалната психологија го потврдуваат она што е познато како „хало ефект“: тенденцијата да се претпостави дека физички привлечните луѓе поседуваат и други позитивни особини, како интелигенција, добрина и компетентност.
- Убавината функционира и како предност и како товар. Привлечните луѓе може да имаат социјални придобивки, но истовремено се изложени на стереотипи, многу повеќе критика или дури и незадоволство од околината. Жените, особено, често се наоѓаат во оваа противречност: наградени се за својот изглед, но истовремено се судени или ограничени токму поради него.
- Еден од нив е Британскиот музеј во Лондон за каде што мора виза, а не е едноставна за добивање, но до скоро сите други има директен лет, без сопки.
- За сите има цена на влез и што ќе видите, а често, комбинацијата на сумата што треба да се плати за лет плус влез во музејот е помала од вечера за двајца во скопски ресторан.
- Во Стокхолм на пример, може да се види скандинавски воен брод од 1628 година, во музејот Васа.