- До моментот кога во 2014, посвоената ќерка на Вуди Ален објави писмо во кое го обвинува за силување, Волас Шон веќе има снимено 5 филмови со него.
- Иако ѝ верува на Дилан Фароу дека верува во тоа што го зборува, сепак, како што често се повторува од луѓе што анализираат подлабоко, или буквално членови на семејството, истакнува дека многу прашања остануваат неодговорени.
- Шон останува еден од ретките соработници на Ален што не излегоа пред јавност да ветуваат дека ќе ги донираат хонорарите и никогаш веќе нема да помислат да работат со него.
- Фотографот Дерек Ц. Бласберг, денес соработник во Харперс Базар меѓу 2009 и 2012 се шетал со Канон Пауершот и го документирал светот на модата, уметноста и ноќната сцена во Њујорк.
- Книгата се вика Fast + Louche и е колекција на слики што ги правел за колумна со истиот наслов за магазинот Интервју.
- Самата колумна се развива од историјата на Интервју - Ворхол кој го има основано магазинот бил опседнат со дкокументирање на сопствените „излегувања и влегувања“.
- Книгата е сега сведоштво на едно друго комплицирано и слоевито време - далеку поедноставно од ова денес.
- Додека Лорен Безос (сегашната сопруга на Џеф Безос) се мачи да ја прифатат на холивудската и модната естрада, Мекензи Скот (бившата) се заветува дека „има да подарува додека не пресуши“.
- Ако само лани вкупните донации достигнале до 19,2 милијарди долари, скоро една третина - 7 милијарди - е од Мекензи Скот.
- Безос се ожени за неа во 1993, една година пред да го основа Амазон во нивната гаража дома. Имаат три сина и ќерка и се разделија во 2019.
- Скот, која сега има 56 години има донирано над 26 милијарди на над 2700 организации.