- Шопингот порано беше бавно, задоволувачко искуство. Во последнава деценија, а особено последниве пет години, со бумот на ултра-брзата мода - ни се расипа задоволството.
- Брзата мода и сајтовите како Шеин често ги има по извештаи за улогата на модата во климатската криза. Има една струја што смета и дека е мит кога ќе речат дека модата најголем загадувач, но секако се работи за бизнис кој цвета кога ги убедува муштериите дека „им треба уште“.
- Еден од клучевите кој го доминираше модниот дискурс е да се избегнува манијата по трендови.
- Фотографот Дерек Ц. Бласберг, денес соработник во Харперс Базар меѓу 2009 и 2012 се шетал со Канон Пауершот и го документирал светот на модата, уметноста и ноќната сцена во Њујорк.
- Книгата се вика Fast + Louche и е колекција на слики што ги правел за колумна со истиот наслов за магазинот Интервју.
- Самата колумна се развива од историјата на Интервју - Ворхол кој го има основано магазинот бил опседнат со дкокументирање на сопствените „излегувања и влегувања“.
- Книгата е сега сведоштво на едно друго комплицирано и слоевито време - далеку поедноставно од ова денес.
- Додека Лорен Безос (сегашната сопруга на Џеф Безос) се мачи да ја прифатат на холивудската и модната естрада, Мекензи Скот (бившата) се заветува дека „има да подарува додека не пресуши“.
- Ако само лани вкупните донации достигнале до 19,2 милијарди долари, скоро една третина - 7 милијарди - е од Мекензи Скот.
- Безос се ожени за неа во 1993, една година пред да го основа Амазон во нивната гаража дома. Имаат три сина и ќерка и се разделија во 2019.
- Скот, која сега има 56 години има донирано над 26 милијарди на над 2700 организации.