Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Off Café › Набрзинка

Ракел Велч, живот и кариера

17 февруари 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Ракел Велч имаше само три реплики како Лоана во филмот Милион години п.н.е од 1966 - и беа доволни за да стане сеприсутен секс-симбол за кој радо си спомнуваа мажи родени од ‘40-те наваму. Феминистичката критичарка, Камил Паглиа ја опишува како „лавица - опасна, страствена и опасно физичка“. Улогата на Лоана претходно ја има одбиено Урсула Андрес, колешка по шетање по бикини.
  • Без разлика на идејата на јавноста за Ракел Велч. таа подоцна покажува способност за комедија, како Констанс, мажената шивачка на француската кралица, вљубена во Д‘Артањан на Мајкл Јорк во филмот „Тројцата мускетари“ во режија на Ричард Лестер. Доби и Златен глобус за улогата.
  • Има кажано: „Го експлатирав тоа што сум секс-симбол и ме експлоатираа како секс-симбол. Не дека не бев среќна со етикетата на секс-божица, не бев среќна со начинот на кој некои луѓе пробуваа да ги отфрлат и потценат работите што ги правев професионално. Но од јавноста тоа не го почувствував.“
  • Последен филм ѝ е How to Be a Latin Lover (2017).
  • Џо-Ракел Техада, родена на 5 септември, 1940, почина на 15 февруари, 2023.
извор

Им поминува ли модата на ултра-скапите чанти?

28 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Авторката Кејт Листер остро ја критикува чантата Биркин на Ермес како еден од најекстремните симболи на раскош и економска нееднаквост. Вели, чантите чинат десетици илјади фунти, а ретките примероци и стотици илјади, а нивната огромна цена не е оправдана со функционалноста, туку со престижот и желбата да се покаже богатство.
  • Мета на критика е и културата околу сето тоа, промовирана од славни личности, инфлуенсери и ултрабогати луѓе. Според неа, апсурдот не е само во тоа што една чанта може да чини повеќе од годишната плата на медицинска сестра, туку и во фактот што ваквото расфрлање со богатството се слави како статус и успех, наместо да предизвикува непријатност во време кога многу луѓе живеат во сиромаштија.
  • Смета дека Биркин можеби го губи статусот на престижен предмет бидејќи станала премногу присутна во културата на славните и почнала да се смета за кич. Посакува свет во кој луѓето ќе се гордеат со огромни донации каде што се потребни, не со фотографии каде што држат луксузни чанти.
извор

Изводливо ли е човек кај нас да си се повлече во село?

28 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Авторот Бен Коб, по години поминати во Лондон како уредник и писател, во 2024 година со сопругата се преселил во Котсволдс, иако првично нивната стара куќа од 1605 година требало да биде само викендичка. Реновирањето било многу поскапо и покомплицирано од очекуваното, но тие успеале да го зачуваат карактерот на историскиот дом, со антиквитети, стари ткаенини, тапети и внимателно избрани бои.
  • Најголемото изненадување бил новиот живот во малата заедница. Наместо очекуваната изолација и мир, Коб и сопругата стекнале нови пријатели и откриле дека селото има богат социјален живот, со вечери, коктели, отворања на ресторани и дури и повремени забави во штала. Токму преку новите познанства се родила и идејата за негова нова машка модна колекција инспирирана од животот во Котсволдс.
  • По две години, Коб вели дека преселбата целосно му го променила животот. Почнал да се занимава со градинарство и пилатес, пронашол чувство на смиреност што долго му недостигало и, парадоксално, почнал уште повеќе да го цени Лондон.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Off Café
1

Аплаузи за Пица Шеф

Разно
2

Отиде легендата

Музика
3

Еволуција на еден разговор

Балканштина
4

Како изгледаше „скролање“ во 1989 година

Медиуми
5

Па да остават ли децата да се коцкаат?

Македонштина
6

И да го спасат, нема да се спаси

Возила
7

Деманти се за наивни

Балканштина
8

Ненормален гол во Виетнам, коментаторот грло одра

Фудбал
1

Како се фаќа дечко после 40?

2

И милионерите знаат да бидат сељаци

3

Новиот статусен симбол е да немаш што да докажуваш

4

Не сме направиле ништо погрешно - од каде тогаш чувството на вина?

5

Жената што ги постави темелите на либералниот феминизам

6

Ќе разговараме ли за „молителите“ во Хрватска?

7

Десетте најглупави грешки при купување

8

Изводливо ли е човек кај нас да си се повлече во село?

* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Како изгледаше „скролање“ во 1989 година

Македонштина

Па да остават ли децата да се коцкаат?

Балканштина

Деманти се за наивни

Балканштина

Еволуција на еден разговор

Балканштина

Женска лојалност

Македонштина

„Само една пијачка“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

А ти мислиш некогаш ќе ги разбереш

Јавна потерница: Уметникот да се уапси!

Птичји виц на денот

Нека не ве плашат, Сириза не e никаква "крајна левица"

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy