- Прво, мора да им се честита на новиве генерации, затоа што вакви работи по старовремските огласници немаше, освен ако не се сметаат огласите каде што госпоѓата беше отворена и за трети лица. Од каде доаѓа трендот? Се разбира, од ТикТок.
- Овде се работи за исповед на миленијалка за Космополитен, што ја пробала оваа неразбирлива работа донесена во мода од зумерите - и кажува зошто не треба.
- Во основа, освен што не е дозволено на самите платформи за лични контакти, двоен профил значи одлуки и дискусии „која да излезе со него“, барање други двојни профили за двојни состаноци, потенцијална љубомора, неуспешни обиди за договарање и слични потешкотии. На кој му се работи толку за еден (во последено време и главно виртуелен) дејт?
- Фотографот Дерек Ц. Бласберг, денес соработник во Харперс Базар меѓу 2009 и 2012 се шетал со Канон Пауершот и го документирал светот на модата, уметноста и ноќната сцена во Њујорк.
- Книгата се вика Fast + Louche и е колекција на слики што ги правел за колумна со истиот наслов за магазинот Интервју.
- Самата колумна се развива од историјата на Интервју - Ворхол кој го има основано магазинот бил опседнат со дкокументирање на сопствените „излегувања и влегувања“.
- Книгата е сега сведоштво на едно друго комплицирано и слоевито време - далеку поедноставно од ова денес.
- Додека Лорен Безос (сегашната сопруга на Џеф Безос) се мачи да ја прифатат на холивудската и модната естрада, Мекензи Скот (бившата) се заветува дека „има да подарува додека не пресуши“.
- Ако само лани вкупните донации достигнале до 19,2 милијарди долари, скоро една третина - 7 милијарди - е од Мекензи Скот.
- Безос се ожени за неа во 1993, една година пред да го основа Амазон во нивната гаража дома. Имаат три сина и ќерка и се разделија во 2019.
- Скот, која сега има 56 години има донирано над 26 милијарди на над 2700 организации.