- ROKH е нов бренд кој допрва треба да го учиме и до последно ја криеја соработката со H&M додека не се случи официјалното откривање денес.
- „Најдобрата мода создава спомени,“ вели главната на дизајн во H&M, Ен-Софи Џохансон. „А ние сакавме тоа да го постигнеме со соработките - да предизвикаме чувства и да инспирираме создавање спомени.“

- Дизајнерот Рок Хванг кој го работи брендот во Лондон од 2016, зборува за „занаетчиско несовршенство“. Иако ROKH не го знаеме напамет како Кензо или Муглер, со кои H&M има соработувано во минатото, Џохансон сепак е заинтересирана поради способноста на ROKH да стави експериментален спин на вообичаени парчиња.
- Авторката Кејт Листер остро ја критикува чантата Биркин на Ермес како еден од најекстремните симболи на раскош и економска нееднаквост. Вели, чантите чинат десетици илјади фунти, а ретките примероци и стотици илјади, а нивната огромна цена не е оправдана со функционалноста, туку со престижот и желбата да се покаже богатство.
- Мета на критика е и културата околу сето тоа, промовирана од славни личности, инфлуенсери и ултрабогати луѓе. Според неа, апсурдот не е само во тоа што една чанта може да чини повеќе од годишната плата на медицинска сестра, туку и во фактот што ваквото расфрлање со богатството се слави како статус и успех, наместо да предизвикува непријатност во време кога многу луѓе живеат во сиромаштија.
- Смета дека Биркин можеби го губи статусот на престижен предмет бидејќи станала премногу присутна во културата на славните и почнала да се смета за кич. Посакува свет во кој луѓето ќе се гордеат со огромни донации каде што се потребни, не со фотографии каде што држат луксузни чанти.
- Авторот Бен Коб, по години поминати во Лондон како уредник и писател, во 2024 година со сопругата се преселил во Котсволдс, иако првично нивната стара куќа од 1605 година требало да биде само викендичка. Реновирањето било многу поскапо и покомплицирано од очекуваното, но тие успеале да го зачуваат карактерот на историскиот дом, со антиквитети, стари ткаенини, тапети и внимателно избрани бои.
- Најголемото изненадување бил новиот живот во малата заедница. Наместо очекуваната изолација и мир, Коб и сопругата стекнале нови пријатели и откриле дека селото има богат социјален живот, со вечери, коктели, отворања на ресторани и дури и повремени забави во штала. Токму преку новите познанства се родила и идејата за негова нова машка модна колекција инспирирана од животот во Котсволдс.
- По две години, Коб вели дека преселбата целосно му го променила животот. Почнал да се занимава со градинарство и пилатес, пронашол чувство на смиреност што долго му недостигало и, парадоксално, почнал уште повеќе да го цени Лондон.