- Различно е раскинување на 15 и раскинување на 45, ама тоа не значи дека еден „Невестата бегалка“ не може да ти ја исклучи главата на некој саат.
- Кога си млад, се лечиш со Legally Blonde. Кога си стар, пушташ Marriage Story.
- Има 45 филмови на списокот, и добрата вест е што им текнало да го стават и „Клуб на првите сопруги“.
- Максел извади нов Вокмен за да не дремат тажно сите касети што сме ги собирале низ децениите. Новото е што се полни на УСБ-Ц и освен 3,5 милиметарски влез за слушалки, има и блутут конекција.
- Со полна батерија работи 11 саати, а за да се наполни му требаат 2. Веќе се продава и чини околу 80 долари.
- Вокмен бе!
- Росана Аркет која се појави во Pulp Fiction, изјави дека е „гадно“ што Тарантино во сценариото користи навредлив збор за црнци.
- Кај Тарантино ова не поминува: „Драга Росана, се надевам дека публицитетот што го добиваш од 132 различни медиуми што ти го пишуваат името и ти ја печатат сликата вреди за ова непочитување кон мене и филмот во кој се сеќавам дека беше пресреќна што учествуваш?“
- Аркет ја играше Џоди, жената на Ленс (Ерик Столц). А, Тарантино продолжува: „Дали сега се чувствуваш вака? Можно е. Откако ти дадов работа, да ги земеш парите, па сега да го плукаш филмот од, ми се чини, многу цинични причини, покажува дека немаш ни достоинство, ни чест.“