- Текстот во Њујоркер е на Џо Гарсија, кој тврди дека музиката на Тејлор Свифт прави да се чувствува како да е сè уште дел од светот што го оставил зад себе.
- Во 2009 година бил осуден на доживотна робија. Во 2013, обезбедувањето околу него било намалено поради добро однесување и побарал трансфер во полесен затвор и тогаш слушнал песни од „Ред“ - четвртиот албум на Тејлор Свифт.
- „Тејлор Свифт во моментов има 33, колку јас што имав кога ме затворија. Се прашувам како би реагирал тогаш на нејзините зборови: Јас сум проблемот, јас,“ вели Гарсија.
- Фотографот Дерек Ц. Бласберг, денес соработник во Харперс Базар меѓу 2009 и 2012 се шетал со Канон Пауершот и го документирал светот на модата, уметноста и ноќната сцена во Њујорк.
- Книгата се вика Fast + Louche и е колекција на слики што ги правел за колумна со истиот наслов за магазинот Интервју.
- Самата колумна се развива од историјата на Интервју - Ворхол кој го има основано магазинот бил опседнат со дкокументирање на сопствените „излегувања и влегувања“.
- Книгата е сега сведоштво на едно друго комплицирано и слоевито време - далеку поедноставно од ова денес.
- Додека Лорен Безос (сегашната сопруга на Џеф Безос) се мачи да ја прифатат на холивудската и модната естрада, Мекензи Скот (бившата) се заветува дека „има да подарува додека не пресуши“.
- Ако само лани вкупните донации достигнале до 19,2 милијарди долари, скоро една третина - 7 милијарди - е од Мекензи Скот.
- Безос се ожени за неа во 1993, една година пред да го основа Амазон во нивната гаража дома. Имаат три сина и ќерка и се разделија во 2019.
- Скот, која сега има 56 години има донирано над 26 милијарди на над 2700 организации.