- Дејвид Боуви и јапонскиот Дизајнер Кансаи Јамамото имаат создадено некои од најиконичните, родово-извртувачки костими што некогаш се појавиле на сцена. Сепак, Јамамото не е толку познат колку големата тројка од јапонски дизајнери - Исеи Мијаки, Реи Кавакубо и Јоши Јамамото. Неговото портфолио е полно бои и инклузивност и со радоста што и Боуви ја почувствувал.
- Еднаш има признаено дека нема кола, ама има два балони на топол воздух.
- Реално, каков ум треба да си, за да облекуваш човек како Боуви? Особено кога веќе знаеме дека луѓе како Клаус Номи му привлекуваат внимание?
- „Кансаи сам си ги бираше моделите и сакаше сесиите да бидат етнички мешани (и со право“, се сеќава славниот фотограф Клајв Ароусмит. „Ова беше исклучок во тоа време.“ И кога ќе се погледнат старите ревии, навистина е поинакво: покажува околина што не се сфаќа себеси пресериозно и се посветува на инклузивноста што е толку потребна во модата и ден денес.
- Фотографот Дерек Ц. Бласберг, денес соработник во Харперс Базар меѓу 2009 и 2012 се шетал со Канон Пауершот и го документирал светот на модата, уметноста и ноќната сцена во Њујорк.
- Книгата се вика Fast + Louche и е колекција на слики што ги правел за колумна со истиот наслов за магазинот Интервју.
- Самата колумна се развива од историјата на Интервју - Ворхол кој го има основано магазинот бил опседнат со дкокументирање на сопствените „излегувања и влегувања“.
- Книгата е сега сведоштво на едно друго комплицирано и слоевито време - далеку поедноставно од ова денес.
- Додека Лорен Безос (сегашната сопруга на Џеф Безос) се мачи да ја прифатат на холивудската и модната естрада, Мекензи Скот (бившата) се заветува дека „има да подарува додека не пресуши“.
- Ако само лани вкупните донации достигнале до 19,2 милијарди долари, скоро една третина - 7 милијарди - е од Мекензи Скот.
- Безос се ожени за неа во 1993, една година пред да го основа Амазон во нивната гаража дома. Имаат три сина и ќерка и се разделија во 2019.
- Скот, која сега има 56 години има донирано над 26 милијарди на над 2700 организации.