Кралицата си ги шамара внуците, прашајте го Елтон Џон

Не, нема да дознаеме дека во Бакингемската палата се случува семејно насилство. Сè е на шала, како што кажува Елтон Џон во неговата автобиографија.

Кралицата шлапнала член на кралското семејство пред очите на сер Елтон Џон кој на ова се сеќава како на доказ за кралската смисла за хумор во неговата автобиографија.

Според книгата, ова се случува вечерта кога ја запознава принцезата Дајана. Прави пауза од раскажувањето на првата средба со принцезата, за да каже дека гласините дека кралицата е комична и покрај нејзиниот сериозен изглед - се многу точни.

„Ја видов како му приоѓа на Виконтот Линли и му вели да ја ѕирне сестра му, на која ѝ се слоши, па се повлече во нејзината соба.“

Виконтот Линли инаку ѝ е внук од сестра - принцезата Маргарет.

„Откако неколку пати ја откачи, кралицата нежно го шлапна по лице и му рече

немој-шлап-да се-шлап-расправаш-шлап-со мене-шлап-јас-шлап-сум-шлап-КРАЛИЦАТА!“

Линли конечно се убедил.

Кралицата го забележала Елтон Џон дека зјапа во нејзе, му намигнала и отшетала.

Инаку, иако е документирана бурна реакција од страна на принцезата Маргарет кога дознала дека Елизабета ќе биде кралица, сепак беа блиски, па Елизабета дури и дозволи љубовникот на Маргарет да го посети нејзиниот гроб.

3 август 2022 - 00:01