Конечно знаеме што се случува со Саманта во новата серија

Се ближи продолжението And Just Like That, за кое од старт се знаеше дека Ким Катрал нема да учествува, но дури сега почнаа да пуштаат информации како го решиле тоа во сценарио.

Во август дури имаше и гласини дека ја умреле - на интернет шетаа видеа од статисти со мрачни лица и облечени во црно, па се постави и прашањето: „Дали е за погребот на Саманта?“

Сега имаме одговор. Инсајдер од серијата открива дека - Саманта се преселила во Лондон.

„Не можевме да дозволиме да шета низ Њујорк, а другите две (Шарлот и Миранда) да не комуницираат со неа. Немаше да има смисла. Да се прати во Лос Анџелес не можеше, тоа го направивме со првиот филм, па ликот го базиравме во Лондон, како совршен начин за да остане жива, а да се објасни отстуството.“

Заплетот е многу блиску до реалноста - Саманта се има скарано со Кери Бредшо, како и актерките во приватен живот. Катрал, на тема репризирање на улогата, за Гардијан има и изјавено: „Не сакам да бидам во ситуација во која не уживам дури ни еден час.“ Ако ова не е доволно, еве станува и почудно: На крајот на серијата, Кери ќе понудела примирје и ќе се обидела да го поправи пријателството. Ова веројатно е обид сценаристите да ја привлечат Катрал за втората сезона.

„Многу се надеваме дека до почетокот на снимањето на втората сезона, Ким ќе се врати како Саманта Џонс. Си ја сакаме назад. Ни фалеше на снимање. Сите разбираме зошто се чувствува така. Јасно ни е. Само сакаме да се врати за идните сезони.“

Малку е веројатно, но ако реши, тогаш сценаристите ќе треба да решат што ќе прават со новата најдобра другарка на Кери, Лиса Тод Вексли, што ја донесоа како замена за Саманта.

Серијата ќе почне на ХБО Макс на 9 декември.

26 ноември 2021 - 16:17