Ким Катрал вели дека не ја гледала серијата (иако „сигурно чула“) но забележува дека заплетот укажува на тоа дека серијата е едноставно - трет филм.
„Ете, толку се креативни“.
Катрал не се врати за продолжението, со што најмногу изгуби публиката, но сепак се очекуваше. Не се разбираат со Сара Џесика Паркер и толку. Одби и да работи на третиот филм, во кој наводно ќе требала да се соочи со дик пикс од 14-годишниот син на Миранда.
Сè уште радо се сеќава на ликот што го создаде, но сепак инсистира дека „е доста веќе“. Повеќе ѝ се работи на „Како го запознав татко ви“, а на прашањето околу нејзината последна појава како Саманта во вториот филм рече,
„Секој дел од мене рече, ‘завршив‘.“
Публиката не се согласува, но по којзнае кој пат - тоа е тоа.