Меѓу другото, има директен поглед во целата организација на една онлајн персона и сѐ што се крие зад еден инфлуенсерски профил. Од големите, не од нашите.
Вели вака:
Личен асистент на инфлуенсер
Лос Анџелес, Калифорнија
Работа со скратено работно време
Професионален личен асистент на многу славна личностПозната славна личност/инфлуенсерка со над 10 милиони следачи бара добро организиран/достапен/вреден личен асистент да се придружи на нејзиниот тим. Ова е работа со скратено работно време, но со тек на време ќе премине во полно работно време ако кандидатот е квалификуван. Идеалниот кандидат ќе биде одговорен за широк спектар на активности и проекти и ќе помага на водството на оваа организација. На оваа позиција, треба да сте способни за планирање/менаџирање календарски активности, да бидете на имотот околу 8 часа дневно, да готвите, чистите, комуницирате со продуцент/видеограф/монтажер/менаџер/сите стилисти/чистачи/други славни личности/пријатели, да истражувате и да се подготвувате за пред-продукција, продукција и пост-продукција, да ги менаџирате сите лични обврски на јутјуберката, итн. Мора да биде способни да останете смирени, рационални и вредни во секое време. Ќе морате да одговарате на телефон и да бидете на телефон речиси 24/7. Морате да ги држите емоциите и приватниот живот комплетно понастрана од овој свет. Ќе се справувате со неверојатно приватни работи. Мора да бидете способни да вршите стотици мали задачи одеднаш. Мора да бидете способни да сте лошиот, да отстраните емоции, да се справите со интензивни разговори и веднаш да се повратите од грешка, без емоција. Мора да останете трезни, но дружељубиви и отворени во многу важни ситуации. Не смеете да фотографирате, да објавувате на социјални мрежи или да бидете/да изгледате мотивирани од слава.
Дообјаснување:
- Ќе има можности за плаќање прекувремени часови и дневници за патување.
Закажување, планирање и подготовка на секое снимање, монтирање и објавување
- Менаџирање, анализирање и извештаи за социјални мрежи и перформанс (Јутјуб, Фејсбук, Тик Ток и Инстаграм)
- Асистирање на мали видео проекти
- Планирање и закажување по календар секојдневно
- Будење на клиентот секој ден со распоред, кафе и други желби.
- Контантно пуштање на послуга, шминкери, монтажери, стилисти/итн во домот или канцеларијата
- Менаџирање на сите влезни и излезни комуникации што ти се должност
- Закажување и асистирање со патувања, вклучувајќи возење на клиентот до состаноци/снимања/проби/сесии во студио/забави итн.
- Организирање и пакување/отпакување куфери на клиентот постојано
- Истражување и комуницирање со спонзори (достапна провизија)
- Сите лични секојдневни задачи
- Мора да живее најмногу 40-60 минути од Лос Анџелес
- Мора да има кола и да може во секое време да го развозува клиентот
- Минимум една година искуство како личен асистент или слична позиција
- Течно зборува англиски
- Способност да се справи со повеќе задачи и да остане организиран/а
- Способност за одговорност за секој проект
- Способност за исклучување на емоциите и останување професионален/на, смирен/а, вреден/на и тивок/ка во секое време
-Проактивност во барање уште повеќе одговорности и ориентиран/а на резултати и извршување
- Работните часови се флексибилни, но генерално се очекува да бидете со клиентот цело време
- Минимално слободни денови
- Отворени за меѓународни патувања
ЗАБЕЛЕШКА: НЕМА ДА ВЕ ЗЕМЕМЕ ПРЕДВИД АКО НЕ ГИ СЛЕДИТЕ ИНСТРУКЦИИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Ех, работа од соништата.