„Производите на Кајли Џенер не се хигиенски“ е она што фановите и следачите го заклучија од фотографиите каде што Кајли Џенер, облечена во бел мантил, со фризура, шминка и сè што треба, се проврткува во лабораторија и допира епрувети.
Се пофали дека е
„Во лабораторија, создавам нова магија за вас, дечки.“
И се разбира, веднаш ја закачија затоа што не носи „мрежа за коса, кеси за чевли, маска и ракавици.“
Ова го истакна друг козметички работник, Кевин Џејмс Бенет во друга објава на Инстаграм и Џенер се обиде да не му остане должна:
„Кевин, сликата не е од просториите каде што се изработува шминката. Никогаш не би ги одминала санитарните протоколи, ниту некоја друга ѕвезда или сопственик на козметички бренд би го направил тоа.“
Се работело за мал, личен простор и тој бил спремен специјално за содржини за јавност. И на крај му рече „срам да ти е што шириш лажни информации!!!!“
Бенет не попушта:
„Значи стоиш на платформа, гледаш во скап хомогенизирачки сад во кој има минимум 50 литри производ (што сè уште ги прекрива и гранките за мешање), без маска, без собрана коса и носиш лабораториски мантил? Но, ова не е просторија за изработка на козметика? Личен простор е?“
На крајот, се сведува на тоа дека ни самите фанови не знаат што да мислат.
Џенер го основаше Кајли Козметикс во 2014, а после него Кајли Скин и Кајли Бејби.
Не ѝ е прва брука - еве, ќе се потсетиме на четките.