Речиси два месеци по крајот на првата сезона на „И едноставно така...“, ХБО објави дека „втората најхејтерски гледана серија во светот“ (после „Емили во Париз“) повторно ќе се гледа. Првата епизода од првата сезона беше најгледана прва епизода од серија во историјата на ХБО и без разлика на незадоволството, секоја наредна продолжуваше да собира неверојатни бројки на гледаност.
И покрај тоа што ги пофалија за инклузивниот кастинг, критиките беа измешани - многумина кажаа дека новите епизоди се усилени и со сила „освестени“. Ни екипата не беше имуна на скандали: Крис Нот (Мистер Биг) сè уште е соочен со обвиненија за сексуален напад и нема да се врати во втора сезона.
Тие што чекаат Саманта да се врати (во човечка форма, не само во пораки) нека не се надеваат многу - ем Ким Катрал сто пати рече не, ем Сара Џесика Паркер кажа дека после толку јавно бришење под со серијата и екипата, не би ѝ било удобно да ја види.
Да се надеваме дека барем малку ќе се стегнат и ќе станат посуптилни во сето тоа што го инсистираа во прва сезона.