За генерации гледачи, одредени рекламни фрази станаа препознатливи уште при првото слушање: „Но тоа не е сè!“, „За неверојатни...“, „За само...“, „Јавете се веднаш!“. Денес, тие се своевиден дел од колективното сеќавање на едно време.
Но, зад телевизискиот формат се менуваше и нешто многу поважно, начинот на кој поединците ги избираа производите и решенијата што им беа потребни во секојдневието.
Во текот на трите децении, низ понудата на Топ Шоп поминаа голем број производи и брендови што оставија белег кај македонските купувачи. Меѓу нив е и Космодиск, а подоцна и брендовите Дормео, Делимано, Ровус и Велнео.
Од производи за спиење и опремување на кујната, до решенија за чистење, одржување и унапредување на секојдневниот комфор, портфолиото низ годините се менуваше во согласност со новите навики, потреби и очекувања на потрошувачите.
Токму во тоа се огледа и трансформацијата на Топ Шоп. Она што започна како телевизиски продажен формат постепено се прошири во поширока малопродажна и комуникациска платформа, присутна преку телевизијата, телефонската продажба, продажните салони и дигиталните канали.
Триесет години се доволно долг период за да се сменат генерации, технологии и навики на купување. Некои производи со текот на времето се заменети со нови, некои технологии отстапија место на понапредни решенија, а телевизискиот екран повеќе не е единственото место каде што потрошувачите ги откриваат производите.
„По 30 години, најголемата вредност на Топ Шоп не ја гледаме само во бројките, производите или каналите преку кои стигнуваме до купувачите, туку во довербата што се градеше низ генерации. Тоа е нашето најголемо признание, но и најголема обврска; да продолжиме да создаваме производи и искуства што имаат вистинско место во современиот дом“ - велат од Топ Шоп.
Но, 30 години не се само историја. Тие се и приказна за промените во македонските домови, за начинот на кој спиеме, готвиме, чистиме, уредуваме и ги избираме производите што го прават секојдневието поедноставно. И токму таму, во тие мали и големи промени што го сочинуваат животот дома, повеќе од три децении свое место има Топ Шоп.
(Комерцијален текст)