„Глас“ - Бранко Шпољариќ и Ѓокица Зафировски

Глас е колаборативен музички проект од Бранко Шпољариќ Паљач и Ѓокица Зафировски.

Бранко и Ѓокица се ветерани на македонската музичка сцена, познати како фронтмени на рок групите Чоканче и Suns. Покрај албумите објавени со нивните групи во минатото, имаат објавено соло албуми и учествувано во разни колаборативни проекти.

Соработката на проектот Глас е започната на пријателска основа во текот на 2019 година, и резултира со две нови студиски песни - „Ново време“ и „Глас“

1 септември 2020 - 09:49