Уште пет љути и тврди - ОВДЕ
Крв капе
Vlax:
Сите бевме деца но не бевме сите исти
Вие бевте Backstreet ние бевме Beastie
Мисфити, кратки фитили,
Римите опасни ко Wikileaks
Па безброј потписи на гипс
Евтин чипс, за вас сме скара на кило
Ова се Мартин и Киро ко Scorpion и Sub-Zero
ПОП-ЛА-ВАААА, Fundament со ураган
Стих Наумов се државен удар
Гори Аутотјунистан!!!
Прауууу, крвишта ко Фарго
Сме темни ко Бодлер додека Лешоски сте Дарко
Не, не и не не ве бива ич
Па звучите фејк ко партиски бот
На митинг за сендвич
Фрламе искри од искреност, стихоубиствено
Премногу искусно, премногу истрајно
Анти-полуписменост
Знам, за да не сфатиш ќе ти треба речник
Ова е за умници не е за заби млечни
Од градот кај што идеме, се уште е коска
Мизерија за Оскар, бижутерија во полн сјај
Градски шампиони, денес маалски шпиони
Полни ноздри, празни глави, тажни жртви на хормони
Погледни ги во очи, не можеш од подочњаците
Погледни во брчките, не се гледат фаците
КРВ КАПЕ, а седативот скап е,
Надвор студот немилосрден ко касап е
Па затоа сме гневни и пристапот е суров
Мега-болно-тврдокорни како на Сифреди курот
Битот копа гроб за него No live matter
Тешка хардкоретина Nobody does it better!!!
Реф:
Во мојот град кога многу студи сите велат: крв капе
во твојот круг кога ова врти сите велат: тврд рап е!
Martix:
Регрутираме публика, Стих Наумов република,
не ти влага во уши? Глава потопи во лубрикант!
Анти рап дупликат и рубрика трач
немате допир со реалноста, а сѐ е на трач.
Мора да сееме плач, солзи полна плантажа
памук емсиња се робови, уште гласот го тражат.
Не е рапот мртов – вие сте лешови скапани
aко спротивно тврдат, од кожа правиме тапани.
Реков никогаш бетл, но еве ме пак на орото
рекоа не сте рап – во право се, ова е збороркор!
Хорор ко болнички коридор, студентска менза,
од флоу сте мртви ко во корито на студена Темза.
Ден за чистење на џганот, ќе дадам прв апел
студен е бранот, токсичен дождот - крв капе!
Тешки облаци над држава, капки оловни
на Светско ќе сме први, ако бројат автоголови!
Идентитетот ни е бетон, но во чевли,
во крвта сме до вратот, па рефренот не е певлив,
затоа сме гневни и студени ко скалпел
уште не сте разбудени, секој ко глушец мал бел.
Кој ли ве тестира, сами ли се наместија
крв капе над нас, над нив чадор е амнестија
па подобро да го преспијам, целиот кошмар
дур џвакаме од корења, пари берат од крошна
рани дерат со нож на секој што кажа доста
крвав плик и куршум внатре, носи нивниот поштар,
но нашите кучиња добро знаат да гризаат
стиховен дриблинг, додека во празно клизаат.
Реф: