Џајковски за новиот филм на Милчо

Синглот на Кирил Џајковски, „Ред Сафари“, е дел од саундтракот за филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски. Синглот и видео спотот излегуваат истовремено со светската премиера на филмот на 14. Филмски фестивал во Рим. По филмовите „Прашина“ и „Сенки“, Џајковски повторно соработува со Манчевски со кого во минатото соработуваше и во проектот „Бастион“.

25 октомври 2019 - 09:47