Во Скопје е човекот кој е на тапани од 4 години

Вечерва во Станица 26, со почеток во 22 часот „3Гонга“ со гордост ви ја претставуваат трио формацијата „Trace Elements“ на прочуениот Paolo Di Sabatino со познатиот американски тапанар Dennis Chambers.

Ова е негово трето гостување во Скопје. Првиот пат настапи со англискиот гитарист Јohn Мclaughlin и еднаш на големиот концерт со Сантана. Легендарниот тапанар кој досега има настапувано со најголемите имиња од светската музичка сцена, овој пат, заедно со Паоло Ди Сабатино и Христијан Галвез ја завршуваат својата европска турнеа токму во Скопје.

30 ноември 2017 - 11:52