Современ балетски перформанс: Метаморфоза


„Мислата го дава импулсот за процесот на движење да започне. Телото го создава звукот. Танцувањето ја материјализира музиката, ѝ дава форма. Трансформацијата може да се случи. Може да биде аметаболична, хемиметаболична или хомометаболична... од нас зависи. Перформанс за внатрешната трансформација која директно влијае на надворешното. Оттука привлекува или одбива.“
Ивана Коцевска
Концепт и кореографија: Ивана Коцевска
Музика: Филип Глас, Иван Пенов
Пијано : Дино Имери
Танчери: Христина Наќевска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Медина Јусуфович, Виолета Карајанова, Мила Ниновска, Матеа Каревски, Теодора Ежовска, Јована Зајкова, Мирослав Митрашиновиќ, Ендру Кук, Бојан Мицев, Ивана Коцевска
Костимографија: Милена Атанасова
Фотографија/ постер : Сашо Алушевски