Reborn прават „Музеј Дебар маало“

Линк до Facebook настан: https://www.facebook.com/events/193742714598122/

На 2 јуни, сабота, со почеток во 17.00 часот во 8 кафулиња истовремено ќе се одржи фестивалот на македонска уметност, „Музеј Дебар Маало“, во организација на Reborn, кој ќе ги вклучи сите гранки на локалната креативност - од музика и графички дизајн, до тетовирање и продажба на рачно изработени производи.

Настанот, кој ќе трае еден ден, ќе се одржи по втор пат, откако за прв пат се одржа во септември минатата година. Минатогодишниот фестивал броеше 6 локации, беше посетен од повеќе од 2000 луѓе, а на него учествуваа повеќе од 70 локални уметници и креативци. Оваа година, фестивалот ќе биде уште поголем, со вкупен број на 8 локации на кои истовремено ќе се одвива и повеќе од 80 вклучени македонски уметници.

Своето име, „Музејот Дебар Маало“, го добива од идејата за прикажување на повеќе различни аспекти од уметноста истовремено, односно вклучување на повеќе настани во еден. За таа цел, секое од дебар маалските кафулиња кои ќе бидат вклучени во настанот, ќе претставуваат „просторија“ на музеј, посветена на различна локална уметност.

Кафулиња кои ќе бидат вклучени во настанот се: Кантина (дизајн маркет и тетовирање „на слепо“), Thirio (изложба на фотографии), Каса бар (изложба на ликовна уметност), Синдикат (изложба на постери), Speakeasy (коктел арт), Нано бар (инсталација), Круг (перформанс), Винил (музички концерти). Покрај главните активности, Кантина и Doggy’s ќе нудат специјални Reborn-мениа за храна. А по затворањето на кафулињата, настанот ќе продолжи во летен Сектор 909 со „Reborn after-party“.

Меѓу другото, во рамки на настанот, за прв пат во Македонија, ќе се одржи и таканаречено „тетовирање на слепо“. Со почеток во 17.00 часот во кафе-бар Кантина, тату-артисти од студиото Nameless Tattoo ќе тетовираат 10 храбри посетители со тетоважи по избор на самиот артист, а тетовираните ќе дознаат што „добиле“ само по нивното завршување.

Детална програма за настанот со листа на неговите учесници:
http://www.reborn.mk/muzej-debar-maalo-2/

1 јуни 2018 - 12:31