Пука екологија

Коалицијата „Екологијата Приоритет" во рамките на својата кампања „Сакаме кул градоначалници за жешки точки!" во соработка со македонската хип хоп издавачка куќа Токсикологија мјузик најавуваат нова песна и спот со цел информирање и потикнување иницијатива кај граѓаните за решавање на големиот проблем со загадувањето во државата.

Песната насловена „Направи чекор" испраќа порака до сите граѓани и надлежните власти да превземат одговорност за еколошките жешки точки и да се активираат во нивното конечно решавање. Спотот е сниман на различни локации во Скопје и навестува навикнување на животот под гас маски доколку не се преземе нешто. Сите останати информации може да ги најдете на фејсбук страницата „Жешки точки во Македонија".

Музика и аранжман - Скитара, текстот е на Пука козметика, а за видео записот се погрижија Дарко Масларковски (режија), Кристијан Теодоров (камера), Жарко Масларковски (монтажа и пост продукција) и организација и продукција од Марко Соколовски (Go Green), Дарко и Жарко Масларковски.

22 март 2013 - 11:04