После Преспа пак ни се заканувате со ЕУ?

************

Францускиот предлог илустрира колку ЕУ е дисконектирана од реалноста на Балканот. Секој со основно познавање на ситуацијата во Македонија би знаел дека предлогот не може да биде прифатен од народот и дека може само да води кон масовни протести.

Можните епилози одат од рушење на актуелната влада до само формално прифаќање на предлогот, без реална имплементација. Во обата случаи, земјата нема да направи никаков прогрес кон ЕУ, што ќе го храни национализмот и евроскептицизмот.

Затоа ЕУ нема друга алтернатива освен комплетно да го повлече предлогот и веднаш да започне преговори со Македонија, без никакво одложување или условување. Тоа нема да ги залечи сите рано, но, барем некоја надеж ќе остане.

Бранимир Јовановиќ

6 јули 2022 - 11:57