OnAir платформа за учење

Компанијата Иноватика ДОО денеска го лансира својот start up проект - Xplorify - Онлајн Едукативна Платформа за OnAir курсеви во живо. Оваа едукативна платформа е направена според најновите технологии за Live Streaming (WebRTC) и со помош на истите, секој може да активно да учествува или да одржува предавања од било кое место со интернет конекција.

Пазарот на е-учење има потреба од нова содржина и мотивирани предавачи. Пополни ја кратката форма за апликација и ќе имаш можност да ја развиеш твојата идеја во OnAir курс на Teach.Xplorify. Победниците ќе добијат парична награда и пласман на пазарот за е-учење.

Првите 4 конкурси за онлајн курсеви на Teach.Xplorify се: конкурс на отворена тема, After effects CC, Java 8 и React.js и се активни до 1 декември 2017 година. Курсевите ќе се одржуваат на англиски или германски јазик.

Пазарот на е-учење е во постојан раст каде сѐ повеќе луѓе ги унапредуваат своите вештини со едукација во виртуелни училници. Ова отвара побарувачка за професионалци кои сакаат да го споделат своето знаење и да ја искористат модерната технологија за одржување на онлајн предавања во живо.

"Ако си дипломиран професор или едноставно индивидуа која има знаење во одредена област, ова е твојата шанса да го претвориш знаењето и искуството во OnAir курс. Најуспешните курсеви ќе добијат парична награда и ќе бидат пласирани на пазарот за е-учење." објаснува Горан Јованов, основач на Xplorify GmbH.

Teach.Xplorify е дел од стартап проектот xplorify.net и се базира на концептот на е-учење каде учениците и предавачот се во директна комуникација во споделена виртуелна училница.

Како победник на конкурс, твојата идеја ќе биде развиена во OnAir курс кој ќе го предаваш на заинтересираните ученици. Победничките курсеви ќе добијат и соодветна маркетинг кампања.

9 октомври 2017 - 13:20