"Од збор до збор" че оди Прилеп

Почитувани прилепчани!

В четврток, на 18 февруари, во кафичо Тек Фајв че се одржи промоција на книгата „Од збор до збор" на поето Тихомир Јанчовски. По читајнето на поезијата (по крајо на официјалнио дел од промоцијата) че следи музички дел, во кој учество че земи групата ОД ЗБОР ДО ЗБОР, со членојте: Добрила Грашеска, Марјан Јовановски, Зоран Тортевски и Тихомир Јанчовски.

Тие свира и пе по познати и непознати групи како шо се Синтезис, Хармосини, Чалгија Систем, Мизар, Свирипиле и сл.

Истите лујџе прво че чита поезија, а после че пе.

Вака можи ви личи смешно, ама то е намерно за да личи така. На промоцијата нема да биди така, напротив. И да вардите да не се расплачите, оти ногу емоци че има. Останете со здравје до четврток.

Тихомир, Добрила, Марјан и Тортевски

17 февруари 2016 - 09:25