"Неверство" во Скопје и Св. Николе

Во  понеделник, 30.05.2016 година со почеток во 21:00 ч. на малата сцена на Македонската Опера и Балет, и вторник на 31.05.2016 во ОУ Дом на култура “Крсте Петков Мисирков” Свети Николе ќе биде изведена театарската претстава „Неверство“ од Харолд Пинтер, во режија на Влатко Павлески и продукција на Прима Данца.

Трите лика во претставата се во романтичен триаголник.

Овој љубовен триаголник на трагикомичен начин е во центарот на вниманието, од најсреќните до најмрачните моменти.

Никој од ликовите нема никаква корист од тој магичен триаголник во кој се наоѓаат.

Тие едноставно биле среќни само кога биле верни на самите себе.

Кога влегле во триаголникот, патот на лаги и измами ги однел во неповрат.

Драмата е реализирана во 9 сцени кои речиси апсурдно се презентирани во обратен временски редослед.

Уникатниот пристап на реверзна временска хронологија на настаните, не принудува на пиесата да и пристапиме од мемориска страна и сите настани да ги гледаме од појдовна точка на сегашноста, без оглед на тоа дали низ времето се движиме напред или назад.

Притоа не смееме да го игнорираме „Молчењето“ во облик на долги и натегнати паузи.

Молчењето претставува едно од најмоќните оружја во драмите на Пинтер.

Во претставата се присутни и танцови настапи на професионални танчери од Прима Данца.

Режисерот Влатко Павлески со неверојатна умешност вметнува танц кореографии на Пасо Добле, Англиски валцер, Танго и Румба како израз на скриените емотивни состојби и потсвеста на ликовите.

29 мај 2016 - 08:04