Не веруваме во тврдењата дека новата дозвола за „Усје“ ќе биде усогласена со законот што треба да стапи на сила во 2027 година, бидејќи фактите што до денес се јавно достапни го покажуваат спротивното. Верзијата на барањето што Министерството ја објави не е подготвена според новите законски стандарди, како што се тврдат во медиумите. Напротив, содржи помалку обврски од постојната дозвола. Препишани се гранични вредности за само 3 загадувачи и тие се идентични како и во старата дозвола и воедно и до 8 пати повисоки од постоечките стандарди во ЕУ!
Целосно недостасуваат гранични вредности и обврски за мониторинг
за едни од најопасните загадувачи – тешки метали, диоксини и фурани, кои се сериозни канцерогени супстанции. Истовремено, „Усје“ бара зголемување на употребата на алтернативни горива- отпад, кои ги испуштаат токму овие материи. Не спомнуваат ниту употреба на гас, наместо отровните петрол кокс и лигнит.Затоа јавно прашуваме: каде во финалното барање, моментално
достапно за јавноста, се вметнати правилата што Министерството тврди дека ќе важат од 2027 година? Ако не се вметнати, кога ќе бидат? И зошто тоа не е направено уште сега?Граѓанска иницијатива
Стоп за Усје