Културни приказни: Рига во Скопје
Концертот на квартетот од Латвија ќе се одржи во вторник, 20 јануари, со почеток во 19 часот, во кино Фросина, МКЦ. Концертот е е дел од серијата Културни приказни на ЕУ инфо центарот, и се организира од страна на Делегацијата на ЕУ и амбасадата на Латвија во Прага, по повод латвиското претседателство со ЕУ.
Влезот на концертот е бесплатен. Бесплатните карти може да се резервираат на телефонскиот број на ЕУ инфо центарот, 329 63 63.