Кога си (зимно време) во Крушево

После двете успешни летни изданија на outdoor фестивалот When in Krusevo, оваа зима, за прв пат рекреативците и вљубениците во Крушево, крушевската природа и планинскиот воздух, ќе имаат можност да се рекреираат, да уживаат прекрасен викенд и да се дружат со зимскиот фестивал „When in Krusevo – Winter is Here!”.

Зимската верзија на фестивалот ги вклучува следните спортски активности:

  • рекреативна планинарска тура,
  • зимски тандем параглајдинг,
  • попуст за дневна ски карта,
  • часови за нордиско и алпско скијање.

За забава предвидени се рок и DJ подиум во урбаните локални барови Old School и Snow Ktichen Bar, каде што ќе настапат The Hounds, Mario Eddie и останати изведувачи. Покрај вечерните журки, за прв пат ќе се одржи и дневна забава со дегустација на познатите крушевски специјалитети.

Цената на фестивалскиот билет е 500 денари, со кој учесниците добиваат уникатна маичка од фестивалот, со оригинална илустрација на генијалниот ТхеМичо..

Настанот ќе се одржи од 8-ми до 10-ти февруари во Крушево.

Картите се во продажба преку продажната мрежа на MK Tickets (www.mktickets.mk) и платформата за outdoor активности When in X (http://winter.wheninkrusevo.mk).

Повеќе на http://winter.wheninkrusevo.mk

 

1 февруари 2019 - 13:37