Извонреден успех на Брејк а лег

Танчерите од Студио Брејк а Лег постигнаа  извонреден резултат на меѓународниот танцов натпревар InterDanceFEST во Сараево (21.04.2017-24.04.2017).  Во конкуренција на над 2500 танчери од 12 земји, нашите ги постигнаа следните резултати.

* Еден - два победа во категоријата хипхоп формации јуниори, а неверојатниот резултат го повторија  и во категоријата  ХипХоп групи, во конкуренција на 12 екипи. Со овој успех јуниорската репрезентација ја оправдаа титулата Светски Вицешампиони во Хипхоп од 2016та година.

* Прво место во Јуниори соло на Исидора Андреевска од вкупно 112 натпреварувач , додека Мила Неделкова успеа да избори пласман во големото финале.

* Прво место за Мила Србиноска од 35 танчери во детска категорија, а Ума Муминовиќ заврши на високото петто место.

* Прво место дуо за Ивана Стојановска и Ана Стевковска од вкупно 21 дуо.

* Второ место од вкупно 20 во конкуренција сениори за Стефани Арџелиева,

Од останатите резултати: Прво место формација деца 1, второ место група деца 2, прво место за Бенџамин Џаферии трето за Филип Пашоски во категоријата хипхоп соло машки и уште многу високопласирани наши танчери во останатите категории.

 

27 април 2017 - 11:23