Џовани по 13-ти пат: Со слободна рака

Вечерва (понеделник, 29.05.2017) , во Клуб ресторан МКЦ, со почеток во 20 часот, ќе се одржипромоција на тринаесеттата по ред книга поезија на Јовица Ивановски, „Со слободна рака“, во издание на издавачката куќа Табернакул.

За книгата ќе зборуваат Оливера Ќорвезироска и Владимир Мартиновски, а песни ќе читааат Снежана Стојчевска, Ана Голејшка, Ѓоко Здравески и Владимир Лукаш.

Песна од книгата

НА УВИД

Лежат како заклани

на брачниот кревет.

Двајцата на грб, а не ’рчат.

Не мрдаат, дишат ли?

Два трупа задушени од

смрдеата на своите мисли.

Да беа голи ќе можеше веднаш

да им извршат обдукција.

Брачни другари кои со време се

сродиле (небаре први братучеди).

Две години немаат општено.

Да беа старци барем ќе се допираа.

Можеби се плашат од своите нагони,

небаре физичкиот контакт ќе ги

натера на срамни нешта,

на инцест, на блуд.

Лежат како заклани.

Жртви, а не се мртви.

Греотки, покутри

се само кога

се будни. 

03.07.2016

29 мај 2017 - 10:37