Домашна работа на денот

МКД.мк пренесуваат домашна работа на осмоодделенец од Кичево, на тема „Мојата татковина“. За буљашките изроди допрва расте непријатна публика.

Мојата татковина

Мојата земја име нема
Грција ѝ го зема.
Мојата земја јазик нема,
Бугарија ѝ го зема.

Викаат дека била северна,
а потопла земја нема.
За мене е таа Македонија,
Поубава држава нема.

Северџан ме праат да бидам,
Сите политичари наши.
Но јас сум Македонец!
Викам гласно и тоа не ме плаши.

Мојата Татковина мила
Лична е како слика.
Не е северна,
МАКЕДОНИЈА се вика.

*извор

13 септември 2022 - 12:50