На денешен ден 22 јануари 2001 година, со рачен ракетен фрлач и автоматско оружје беше нападната полициската станица Теарце во близина на Тетово. Настанот се смета како почеток на војната во 2001 година. Во нападот загинува полицаецот МОМИР СТОЈАНОВСКИ († 30), а тројца беа ранети.
Наредниот ден, одговорноста за нападот ја преземаа терористите од УЧК:
„Униформата на македонскиот освојувач ќе биде напаѓана додека не се ослободи албанскиот народ“, се велеше во комуникето.
Да се потсетиме сите на ликот и делото на Момир Стојановски.
Од 1993 година Момир работел во полициската станица Теарце. Учеше и се посвети на униформата и одговорната полициска служба. Го помнат како вредно и скромно момче од сиромашно семејство. Погребан е на гробиштата во кривопаланечкото село Добровница. Стојановски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.
Вечна ти слава Момир, почивај во мир ангелу наш, голем човеку.