BIKERS.INC
Со зголемувањето на бројот на мотори кои се возат денес по патиштата, како и со огромната популарност на неколку ТВ серии со моторџиска тематика, веќе полека почна да се искривува и да се нарушува оригиналната слика за мото културата. И покрај тоа што со моторџиството секогаш се поврзуваат слободата, бунтовништвото и нон-конформизмот, сепак и во него владеат одредени норми и правила кои треба да се почитуваат. Јас отсекогаш сум сакал да бидам моторџија (не само да возам мотор, туку да бидам full member на МС клуб), затоа што според мене моторџиството е врв на underground културата.
Бидејќи возењето мотор може да се сфати како начин на транспорт, рекреација, задоволство (причините за возење мотор се многубројни и премногу субјективни за да бидат наброени овде), овој текст нема да се занимава со таканаречените free biker-и, односно луѓето кои возат мотор заради некоја од гореспоменатите причини и кои не се дел од никаков клуб. Она на што ќе се посвети внимание се мото клубовите, односно двата вида на клубови кои се најчести и помеѓу кои има голема разлика во начинот на возење, однесување и дружење.
МК клуб – Овој вид на клубови се одлични за луѓе кои не сакаат да се посветат на клубот доволно и кои имаат опуштен однос кон сите работи. Поголемиот дел од овие клубови носат мал беџ или прешивач на предниот дел од нивните елеци. Овие клубови се повеќе фокусирани на возење, отколку на меѓусебна поддршка и на жртвување за доброто на клубот и на останатите членови. Доколку носат бои на задниот дел на на елекот, боите треба да бидат едноделни или дводелни. Настанувањето на ваквите клубови треба биде со согласност од МС клубовите.
МС клуб – Ова се клубови кои се на врвот на хиерархијата во мото светот. Влезот во нив не е ниту лесен, ниту евтин. Во овој вид на клубови владеат строги правила, има избрани офицери кои се грижат за спроведувањето на тие правила, и односот кон клубот и кон останатите членови е крајно сериозен. Овој вид на клуб бара лојалност и посветеност од своите членови, со цел клубот да се развие и да добие повеќе почит од останатиот мото свет, како национално, така и интернационално. За да се стане член на ваков клуб (за да се добијат бои), мора да се поминат одредени фази (hangaround, prospect), кои треба да осигураат дека новите членови имаат доволно лојалност и посветеност кон клубот. Овие клубови носат троделни бои на грбот на елекот (како на сликата).
На крај, еден совет до сите нови моторџии кои претендираат да бидат дел од некој клуб. Посоветувајте се со МС клубовите или со постарите моторџии и почитувајте ја културата од која сакате да бидете дел. Направете внимателен и промислен избор во каков клуб сакате да припаѓате и уште еднаш преиспитајте ја својата мотивација и подготвеност.
Full member на МС клуб