21 година Карпалак: Хероите не се забораваат, злосторствата не застаруваат

Преживеаниот возач на автобусот Ацо Јованоски секоја година се сеќава и го посетува местото Карпалак на патот Скопје – Тетово. Најголема болка му е што нема спомен обележје.

„Јас 20 години одам на Карпалак и 20 години е истата тема – секогаш барав барем едно обично камче да постават. Да има каде да се положи цвеќето. Но, го положуваме на банкината. Првотто возило што ќе помине по нас, го оддувува, како да не било", вели Јованоски кој веќе е со нарушено здравје.

8 август 2022 - 15:10