Нашиот омилен поет прави добри песни, вредни книги и лежерни промоции

ФЕР ИНАФ

Мислам дека одамна

го достигнав својот зенит.

Сега тонам кон дното на реката

како леш со бетонска подлога за

чадор за сонце (врзана за глужд).

Признавам, сум изгледал многу кримичи.

Кај и да е, ќе ме погоди некој куршум.

(Редно е, фала Богу!)

Одминат, па надминат.

Тонам – не ко Титаник, туку

како чунче во плитки води.

Одамна го кажав своето и

сега само се повторувам.

Репетиција на репетиција на...

Прочитан како буквар, ко фирма

на одамна затворена приградска меана.

Нешто заборавено како клик-клак.

Анахронизам од минатиот век.

Речиси непознат глумец од

нискобуџетна акциона серија

од седумдесттите години.

Дури ни Тарантино не би

можел да ме „воскресне“.

Јовица Ивановски
27.03.2026

2 мај 2026 - 11:08