Јовица Ивановски: Скапо е сонцето

Во понеделник, на 05.05.2025, со почеток во 21 часот, во ЛАБОРАТОРИУМ,
ќе се одржи промоција на поетската книга „Скапо е сонцето“, од Јовица
Ивановски. Книгата ќе ја промовира проф. др. Лидија Капушевска-Дракулевска, а
песни ќе чита поетот Андреј Ал-Асади.

Јовица е поет, скопјанец и олд скул фраер. Автор е на деветнаесет
книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици.

2 мај 2025 - 13:51