Донаторска за Атиџе

Во тек е донаторска акција за помош на Атиџе Муратова, ѕвездата од документарецот „Медена земја”. На социјалните мрежи веќе околу една недела се споделува линкот за донации на страницата Gofundme, и веќе се собрани околу 2.000 долари, додека во објавата е наведено дека целта на акцијата е да се соберат 5.000 долари за помош на Атиџе. (повеќе во Фокус)

Линкот за донации е овде

*********

Не беше одамна, кога цел локален и државен ПР се гребеше од славата на Атиџе, лакомо брцајќи во нејзиниот мед а за возврат ветувајќи ѝ работа во општината и уште што не, ние малку се зезавме со упикувачката природа на тие ликови и нивната потреба во кабинетот да држат фотографии од Зоран Заев, па објавивме „Атиџе да пази кога ќе брише прашина во кабинетот“ .

На тоа партиски гмизавци најдоа нам нешто да ни замераат, демек потценувачки ја местиме Атиџе за чистачка (јер ваљда тие планирале да ја стават во правната служба на општина Лозово).

„ее трендо само за чиСтачка ја бива циганкава а, не може друго да работи“
@MaximOvertroll

9 месеци подоцна, се собираат донации, Атиџе барем да не спие на патос. Така завршуваат големите манипулации со малите луѓе.

 

22 ноември 2020 - 19:54