Легендата на европската кинематографија, италијанската актерка Клаудија Кардинале, замина на 87 години. Родена во Тунис, почина во Франција. Беа незаборавни парови со Марчело Мастројани и Жан Пол Белмондо. „Живеев повеќе од 150 животи, проститутка, светица, романтичарка, секаков вид жена и прекрасно е да се има таа можност да се промениш“, рече Кардинале во едно од нејзините последни интервјуа.