Концептот „Само во Веро“ опфаќа различни категории, од кафе, тестенини и сосови до слатки производи, алва, таан, бисквити, грицки, зачини и други специјалитети. На едно место, потрошувачите имаат можност да откријат производи со автентичен вкус и препознатлива традиција.
Во понудата се застапени и производи од познати медитерански брендови, меѓу кои „Лумидис Папагалос“, „Хелиос“, „Galaxy Foods“, „Olympos“ и „Papadopoulos“.
За љубителите на кафе, „Лумидис Папагалос“ го носи препознатливиот вкус на медитеранското кафе, додека „Хелиос“ нуди разновиден избор на тестенини, од класични шпагети и макарони до таљатели, орзо, лазањи и други форми погодни за подготовка на различни оброци.
Понудата ја дополнуваат производите на „Galaxy Foods“, меѓу кои се балсамико кремови, оцет, сенф, сок од лимон и различни преливи. Разновидните комбинации на вкусови овозможуваат нивна употреба во салати, предјадења, јадења со месо, сирења и голем број други рецепти.
За оние кои претпочитаат традиционални слатки вкусови, во Веро се достапни производите на „Olympos“, меѓу кои различни видови алва, таан и производи од сусам. Изборот вклучува класични, но и посовремени комбинации на вкусови.
Во сегментот на бисквити и грицки се издвојуваат производите на „Papadopoulos“, со различни видови грисини, интегрални производи и сендвич-бисквити со повеќе вкусови. Со ваквата понуда, Веро продолжува да го развива својот асортиман со производи кои внесуваат нови вкусови во секојдневната исхрана и им овозможуваат на потрошувачите да пробаат нешто поинакво од она што вообичаено се наоѓа на домашниот пазар.
(Комерцијален текст)