Недела на СУПЕР цени за СУПЕР брендови во Електрометал

Одлична вест за сите кои во периодот кој следува сакаат да го опремуваат својот дом или градина, реновираат или едноставно имаат потреба да набават нешто од премиум брендовите присутни на нашиот пазар!

Од 16 до 23 Мај се случува СУПЕР недела во сите маркети на Електрометал. Ова значи супер цени за супер брендови: одлични -15% ПОПУСТ на целиот асортиман од светски реномираните BOSCH, Einhell, Geberit, Cersanit, ETI, Hyundai и Philips. Без разлика дали Ви е потребен алат (домашен или професионален), расвета или декоративно осветлување, електрика или опрема за бања, во текот на следните 8 дена можете да искористите -15% попуст на целиот асортиман од овие врвни брендови.

Добра вест за сите оние кои ќе се решат да ги посетат маркетите е дека во секое време можат да аплицираат и веднаш да добијат Hobby Card картичка со која влегуваат во кругот на лојални потрошувачи на Електрометал и добиваат попусти и привилегии и по завршувањето на тековната акција.

Од Електрометал најавија и ново големо изненадување кон крајот на месецот, но за тоа ќе информираат дополнително. За да бидете секогаш во тек со новостите, следете ги на социјалните мрежи:
https://www.facebook.com/elektrometal/
https://www.instagram.com/elektrometalmk/

Повеќе информации за тековнта акција на следниот линк:
https://www.facebook.com/events/426675008129593/

(Комерцијален текст)

15 мај 2019 - 15:06